Домот за стари лица „Зафир Сајто“ ќе аплицира за средства од Владата за реконструкција на дел од просториите
ЈП „Куманово-план“ изработува проектна документација за реконструкција и санирање на дел од Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово, со која ќе се аплицира за добивање на средства од Владата за реализација на инфраструктурни проекти, обезбедени од унгарскиот кредит.